Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2015

Остри казни за Панатинаикос во Грција

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Грција го казни Панатинаикос со одземање на три бода од првенството.

Покрај тоа „зелените“ се казнети и со парична казна, но и со затворање на стадионот за следните четири натпревари поради нередите на навивачите пред натпреварот со Олимпијакос.
Панатинаикос поради дивеењето на навивачите околу и на стадионот „Апостолос Николадис“ пред натпреварот со Олимпијакос, ќе мора да плати 190.000 евра, а исто така ќе мора да игра и без публика на свој терен против Астерас, Панетоликос, Паниониос и Ксанти.
Панатинаикос по одземањето на бодовите се наоѓа на петтото место со 19 бодови, додека пак Олимпијакос е прв со 33 бода.
Пред започнувањето на натпреварот од 11-тото коло на грчката Супер лига меѓу Панатинаикос и Олимпијакос во Атина на 21 ноември дојде до големи нереди, па натпреварот е одложен до понатамошно известување.
Конфликтот на навивачите на Панатинаикос и полицијата започнал пред стадионот, околу два часа пред планираното започнување на мечот, кога навивачите на домашниот клуб, наводно без влезници, се обиделе да влезат на стадионот.
Навивачите кон полицијата фрлале со камења пред стадионот, а конфликтот продолжил и внатре на трибините, кога фудбалерите на Олимпијакос излегле на загревање и биле нападнати со фрлање на предмети.

Најнови вести