Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2015

Херојски дочек за Есиен во Атина

Микаел Есиен, неодамнешниот фудбалер на Милан, доби херојско добредојде во Атина пред потпишувањето на договорот со Панатинаикос.

Есиен во текот на денот би требало да ги помине лекарските прегледи, а потоа да го потпише договорот вреден 1,2 милиони евра по сезона.
Триесет и двегодишниот фудбалер на Гана во текот на кариерата играше за: Бастија, Лион, Челзи и Реал Мадрид. Најголемиот успех го оствари во дресот на „сините“, со коишто освои девет трофеи, вклучувајќи ја и титулата во Лигата на шампионите.
По пристигнувањето на аеродромот, Есиен позираше со огнените навивачи на Панатинаикос, коишто му приредија дочек за паметење.

Најнови вести