Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2015

Барса го доби ПАО, одличниот Нелсон

Кошаркарите на Барселона на домашен терен го победија Панатинаикос со 80:76, во дуелот од второто коло на групата Е во фазата на Топ 16 во Евролигата.

Дуелот во Каталонија беше изедначен од почетокот до крајот, а Барса до првиот триумф стигна благодарение на одличниот Марселино Уертас.
Фантастичниот Бразилец во третата четвртина врза дури пет тројки и така му донесе на својот тим клучна предност.
 ПАО одлично почна,во текот на првото полувреме водеше и со двоцифрена разлика, но не издржа и Барса по 20 минути успеа да изедначи.
Одличниот ДеМаркус Нелсон на сто секунди пред крајот намали на 77:76, но ПАО до крајот не успеа да постигне кош.
Поранешниот кошаркар на Црвена ѕвезда беше и најдобар поединец кај гостите со 16 поени (8-3) и три скокови. Гист постигна 11 поени, а Батиста имаше девет поени и 12 скокови. Во победничката екипа Уертас заврши со 22 поени (тројки 6-8) и пет асистенции, Доелман постигна 12, а Хезонја и Арбинес по 11 поени.
Овие екипи сега имаат скор 1-1 во групата Е.

Најнови вести