Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2012

Панатинаикос му врачи отказ на капитенот

Грчкиот фудбалски вицешампион Панатинаикос го раскина договорот со досегашниот капитен, 33-годишниот Костас Кацуранис.

Искусниот играч за врска, кој за грчката репрезентација одигра 98 натпревари, е првата жртва на резултатската криза во која западна клубот на почетокот на новата сезона. Панатинаикос по пет кола во националното првенство се наоѓа дури на 12-тото место, не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, а во првото коло на Лигата на Европа доживеа дебакл на гостувањето кај Марибор (3-0).
Кацуранис беше меѓу играчите коишто беа најмногу критикувани, а епилогот беше раскинување на договорот. Веста дека играчите останаа без капитен ја соопшти клупскиот претседател Гианис Алафузос.
Кацуранис во Панатинаикос дојде пред три години од Бенфика, а пред тоа играше за Панахаики од Патрас и за АЕК од Атина. Со репрезентацијата на Грција во 2004 година сензационално ја освои европската шампионска титула.

Најнови вести