Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2014

Арсенал го доби Бешикташ, Наполи против Атлетик Билбао

На денешната ждрепка во Нион за плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите Арсенал го доби турскиот Бешикташ, Горан Пандев со Наполи ќе игра против Атлетик Билбао, а Марибор на Агим Ибраими против Селтик.

Агим Ибраими со Марибор ќе игра против Селтик, кој иако во 3.квалификациско коло беше убедливо елиминиран од Легија, со одлука на УЕФА го доби местото во плејофот по суспензијата на полскиот клуб од страна на УЕФА поради учество на суспендираниот фудбалер Березински.
Горан Пандев, за кого италијанските медиуми шпекулираат дека ќе замине од Неапол, со Наполи пак ќе се судри со Атлетик Билбао во трката за место во групите од ЛШ. 
Од другите двојки најинтересно ќе биде на баражот меѓу Бешикташ и Арсенал, како и на пресметката Лил-Порто.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ – ПЛЕЈОФ

Марибор – Селтик
Салцбург – Малме
Алборг – АПОЕЛ
Стеауа – Лудогорец
Слован Братислава – БАТЕ Борисов
Наполи – Атлетик Билбао
Бешикташ – Арсенал
Стандард – Зенит
Копенхаген – Баер Л.
Лил – Порто

Првите средби од четвртата квалификациска рунда се играат на 19 и 20 август, а реваншите седум дена подоцна. Победниците ќе обезбедат пласман во групната фаза на Лигата на шампионите, а поразените ќе се пласираат во групната фаза на Лигата на Европа.


Најнови вести