Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2015

Лига на шампиони: Марибор испадна, Динамо оди понатаму

Фудбалерите на Марибор го завршија настапот во квалификациите за Лигата на шампионите со пораз од Астана во второто коло.

Казахстанскиот шампион славеше со 3-1 и со тоа го надополни поразот од 1-0 во првиот натпревар во Словенија.
Домаќинот поведе во 13-тата минута со голот на Џолчиев, а Рајчевиќ изедначи на шест минути пред крајот на првиот дел.
Астана на полувремето водеше со голот на Кањас во 43-тата минута. Во продолжението голот за пласман го постигна Твумаси во 58-мата минута, а Марибор до крајот не успеа да постигне гол иако во последните 25 минути играше со играч повеќе. Ривал на Астана во третото коло ќе ѝ биде ХЈК од Хелсинки.
Динамо од Загреб по 1-1 на свој терен, во реваншот сепак покажа квалитет против Фола од Луксембург и славеше со 3-0 со головите на Пјача и Рог. Тежок пораз претрпе црногорскиот Рудар од азербејџанскиот Карабага во Пљевља. По 0-0 во Азербејџан, гостите славеа со голот на Рејналд и се пласираа во следната фаза.
Лех против Сараево најголемиот дел од работата го заврши во првиот натпревар во гости (2-0), а во реваншот со еден гол го потврди пласманот во следната фаза. Пласман обезбеди и белорускиот БАТЕ по ремито без голови во Ирска со Дандалк. Првиот натпревар БАТЕ го доби со 2-1.
Најинтересно беше во Унгарија, каде што Видеоон го дочека велшкиот Њу Сејнтс по победата од 1-0 во првиот натпревар. Гостите по 90 минути славеја со истиот резултат, па натпреварот имаше продолженија. Ѓурко изедначи во 107-мата минута и со тоа на Унгарците им донесе голема радост.
Во преостанатите натпревари од втората рунда, Селтик го победи Стјарнан на Исланд со 4-1 и со вкупен резултат од 6-1 се пласираше во наредната рудна.

Второ коло од квалификациите на Лигата на шампионите:
Астана- Марибор 3-1 (прв натпревар 0-1)
Фола – Динамо Загреб 0-3 (1-1)
Макаби Тел Авив – Хибернијанс 5-1 (1-2)
Вардар – АПОЕЛ 1-1 (0-0)
Рудар Пљевља – Карабаг 0-1 (0-0)
Лех – Сараево 1-0 (2-0)
Дандалк – БАТЕ 0-0 (1-2)
ХЈК – Вентспилс 1-0 (1-3)
Линколн – Митјиланд 0-2 (0-1)
Пјуник – Молде 1-0 (0-5)
Жалгирис – Малме 0-1 (0-0)
Стјарнан – Селтик 1-4 (0-2)
Стеауа – Тренчин 2-3 (2-0)
Дила Гори – Партизан 0-2 (0-1)
Милсами – Лудогорец 2-1 (1-0)
Крусејдерс – Скендербег 3-2 (1-4)
Видеотон – Њу Сејнтс 1-1 по продолженијата (1-0)

Парови за третата рунда:
Лех – Базел
Милсами – Скендербег
ХЈК – Астана
Селтик – Карабаг
Стеауа – Партизан
Митјиланд – АПОЕЛ
Макаби Тел Авив – Викторија
Динамо Загреб – Молде
Видеотон – БАТЕ
Ред Бул Салцбург – Малме
Панатинаикос – Клуб Бриж
Јанг бојс – Монако
ЦСКА – Спарта Прага
Рапид – Ајакс
Фенербахче – Шахтар

Најнови вести