Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2013

Агим Ибраими потпиша за Калјари

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими од вчера официјално е член на италијанскиот клуб Калјари, откако калчолигашот од Сардинија успешно ги заврши преговорите со словенечкиот шампион Марибор.

Претходно се шпекулираше дека за Ибраими беа заинтересирани и гигантите Порто и Атлетико Мадрид, но Ибраими на крајот одлучи да му се приклучи на Калјари, а со тоа стана втор македонски фудбалер, по Горан Пандев, кој ќе настапува во Серија А.
Според словенечките и италијанските медиуми, договорот меѓу Ибраими и Калјари е потпишан уште во саботата. Словенечкиот клуб ја одбил првата понуда од 1,5 милиони евра на клубот од Сардинија, но потоа ја прифатил втората од два милиони евра. Покрај оваа сума, Марибор го добил на заем и уругвајскиот интернационалец Пабло Чепелини, кој ќе биде директна замена за Ибраими во стартната екипа на шампионот на Словенија.
Македонскиот репрезентативец вчера не настапи за Калјари на гостувањето кај Милан, а неговото деби во новиот дрес се очекува на 15-ти септември, на гости против Фиорентина.

Најнови вести