Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2018

Фудбалер на Калјари суспендиран поради допинг

Жоао Педро, фудбалерот на Калјари, е суспендиран од страна на Антидопинг агенцијата на Италија бидејќи паднал на тестот по натпреварот против Сасуоло на 11-ти февруари.

Бразилецот е казнет поради тоа што ја користел супстанцијата хидрохлоријазид, и тоа баш на денот кога го прославува 26-тиот роденден.
Жоао Педро оваа сезона беше еден од најстандардните фудбалери на Калјари во Серија А, одигра 21 натпревар и даде пет гола.
Тој е втор играч во Италија кој само за неколку месеци падна на тестот за допинг, откако на една година надвор од фудбалот беше санкциониран Фабио Лучиони од Беневенто.
Педро, поранешниот кадетски репрезентативец на Бразил, пред Калјари, играше за: Есторил, Сантос, Пењарол, Виторија од Гимараис, Палермо и Атлетико Минеиро.

Најнови вести