Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2016

Нов гол на Несторовски, Палермо повторно поразен

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го постигна својот втор гол во серија во италијанската Серија А, но и покрај тоа неговиот Палермо повторно е поразен, овој пат со 2-1 на гостувањето кај Калјари во Сардинија.

Двата погодоци за Калјари ги постигна Даниеле Десена во 53-тата и во 64-тата минута од средбата, а единствениот гол за гостинот од Сицилија го постигна нашиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски, кој го совлада Сторари во 79-тата минута од натпреварот.
За Несторовски овој е петти гол оваа сезона во дресот на Палермо и е најдобар стрелец во својот тим. Тој постигна осум погодоци на единаесетте одиграни натпревари во италијанската Серија А.
По поразот од клубот од Сардинија, Палермо останува на 19-тото место на табелата со шест освоени бодови, додека Калјари се искачи на деветтата позиција со 16 освоени бода.

Најнови вести