Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2017

По 15 години – Палермо има нов претседател

Фудбалскиот клуб Палермо доби нов претседател, на тоа место дојде Пол Бачалјини.

Американскиот бизнисмен го замени Маурицио Цампарини, кој 15 години беше на чело на италијанскиот клуб.
Инвестицискиот фонд на Бачалјини ќе го купи Палермо до крајот на април.
Неговата програма гарантира дека, освен пари за спортски цели, ќе има инвестиција во изградбата на новиот стадион и тренинг-центарот.
Палермо, за кој настапуваат двајца македонски репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски, моментно има 15 бодови по 27 одиграни натпревари во Серија А и се наоѓа во зоната на испаѓање.

 

Најнови вести