Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2016

Трајковски се врати за Палермо и постигна гол

По четиримесечната пауза поради повреда, македонскиот репрезентативец Александар Трајковски се врати во тимот на Палермо.

Трајковски го постигна победничкиот гол, по асистенцијата на неговиот репрезентативен колега Илија Несторовски, и го комплетира пресвртот на Палермо во гости кај Џенова, каде што славеше со 4-3.
Палермо ја забележа втората победа во Серија А, со која се помести од последната позиција, откако во Џенова победи со 3-4 по заостанувањето од 3-1. Трајковски, кој се врати во екипата по паузата од четири месеци поради повреда, во 90-тата минута го постигна последниот гол на натпреварот.
Џенова поведе во четвртата минута со голот на Џовани Симеоне, а на крајот на првото полувреме израмни со Куаисон. Во 57-мата минута од средбата, Симеоне со вториот гол ја врати предноста на Џенова, а во 65-тата минута Нинковиќ ја зголеми на 3-1. Но, гостите од Сицилија не се предадоа, Голданига погоди за 3-2, а во 88-мата минута Рисполи го израмни резултатот. Во последната минута Трајковски постигна погодок и го комплетира пресвртот.
Џенова натпреварот го заврши со играч помалку, голманот Перин доби црвен картон откако од нејасни причини тргна да се пресмета со Несторовски.
Палермо во Џенова ја забележа првата победа по 21-ви септември, кога во Бергамо ја победи Аталанта.
Фудбалерите од Сицилија сега се пласираа на претпоследната позиција на табелата на Серија А со девет освоени бода, колку што има и Кротоне и се наоѓа на пет бода од Емполи, првата екипа која се наоѓа над зоната за испаѓање.
Во наредното коло Палермо ќе игра на домашен терен против Пескара.

Најнови вести