Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2016

Наполи сака да го доведе Несторовски во јануари

Наполи е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативен фудбалер Илија Несторовски.

Несторовски во Палермо игра во одлична форма уште од почетокот на сезоната, а Наполи очајно бара замена за повредениот напаѓач Аркадјуш Милик и Аурелио де Лаурентис, претседателот на клубот од Неапол, сериозно е заинтересиран за напаѓачот од сицилијанскиот клуб.
Де Лаурентис веќе стапил во контакт со Маурицио Цампарини, првиот човек на Палермо, и ќе се обиде трансферот да го реализира во зимскиот преоден рок.
Македонскиот напаѓач имаше одлични настапи и постигна седум гола во Серија А, а со тоа успеа да привлече внимание на неколку клубови. Цампарини не сака да го продаде најдобриот играч во клубот, но тој е познат и како добар преговарач, па кога ќе ја постигне вистинската цена, ќе попушти. Според некои проценки, понудата за Несторовски не би требала да биде помала од десет милиони евра.
Несторовски оваа сезона во Палермо направи трансфер од Интер Запрешиќ за 500.000 илјади евра. На 13 натпревари на Палермо во Серија А, тој постигна седум од десетте голови на клубот од Сицилија.

Најнови вести