Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2017

Спалети: На Рома ѝ направив услуга што не сакам договор

Рома по трите последователни порази во сите натпреварувања, успеа да го совлада Палермо (3-0) во Серија А, но Лучијано Спалети, тренерот на „волчицата“, изјави дека неговото место на клупата е сè само сигурно не.

Педесет и осумгодишниот стручњак одби да го продолжи договорот со клубот од Рим, па изјави дека на претпоставените им направил голема услуга.
„Ако изгубам уште два натпревари, нема ниту да го дочекам крајот на сезоната во Рома бидејќи ќе ме отпуштат. Пред Палермо, изгубивме четири од петте последни натпревари, а луѓето зборуваат за договор? Работите во фудбалот брзо се менуваат, а Рома е силен клуб на којшто му требаат резултати, така што ако ме отпуштат, би биле во право“, изјави Спалети по победата во која головите ги постигнаа Ел Шарави, Џеко и Перес.
„Мислам дека на клубот му направив услуга кога не потпишав нов договор. Тие се среќни поради тоа. Минатата сезона го отпуштија тренерот Руди Гарсија и мораа да му исплатат уште три години коишто му следуваа според договорот. Јас им правам услуга“, искрено изјави Спалети.
Рома е втора на табелата на италијанското првенство, со осум бодови помалку од Јувентус. Во првиот натпревар од Купот на Италија изгуби од Лацио со 2-0, а од Лион изгуби во првиот натпревар од нокаут-фазата на Лигата на Европа (4-2).

Најнови вести