Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2017

Корини доби отказ – трет пат сменет тренерот во Палермо оваа сезона

Фудбалскиот клуб Палермо денес го отпушти тренерот Еуџенио Корини, пренесоа италијанските медиуми.

Тоа е трета смена на тренерот во Палермо оваа сезона.
Палермо игра многу лошо, а изгуби во трите последни кола на италијанското првенство. На табелата се наоѓа на 19-тото место со десет освоени бодови, 11 помалку од Емполи, кој е на местото кое гарантира опстанок.
Сезоната на местото тренер ја почна Давиде Балардини, кој си замина само по два натпревари, а го наследи Роберто де Зерби, кој беше отпуштен на крајот на ноември по серијата лоши резултати.
Маурицио Цампарини, претседателот на клубот од Сицилија, сè уште официјално не ја објавил таа одлука, но водечките италијански медиуми наведоа дека тоа се очекува набрзо.
Сè уште не се знае кој ќе го замени Корини на клупата на Палермо, а медиумите наведуваат дека тоа ќе биде Балардини, кому тоа ќе му биде четврт мандат на местото тренер на Палермо.

Најнови вести