Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2016

Отказ за Де Зерби, Корини трет тренер на Палермо оваа сезона

Италијанскиот фудбалски клуб Палермо го отпушти тренерот Роберто де Зерби откако изненадувачки беше елиминиран од Специја во Купот на Италија.

Сицилијанците изгубија од италијанскиот второлигаш по пеналите и со тоа беа поразени осми пат по ред на стадионот „Ренцо Барбера“.
Де Зерби го изгуби трпението кај контроверзниот претседател Маурицио Цампарини и поради последната позиција на табелата на Серија А, а на негово место на жешката клупа на „росонерите“ седна Еуџенио Корини.
Корини е трет тренер на Палермо во оваа сезона, бидејќи пред Де Зерби, отказ доби и Давиде Балардини.
Фудбалерите на Палермо по 14 одиграни кола, имаат само шест бода, а во наредното коло го дочекуваат Киево.

 

Најнови вести