Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2016

Де Бур: Престанавме да играме фудбал

Франк де Бур, тренерот на Интер, ги критикуваше своите играчи по поразот од Калјари со 1-2.

Позицијата на Холанѓанецот сега е во голема опасност, а единствена светла точка во овој натпревар беше првиот гол на Жоао Марио за „нераѕурите“.
„Кога поведовме, престанавме да играме фудбал, а тоа е недопустливо. Требаше да играме уште подобро, а ние попуштивме“, изјави тренерот на Интер.
Де Бур застана во одбрана на Мауро Икарди, кој не го погоди пеналот и беше цел на навивачите.
„Изгубивме премногу дуели во средината на теренот, топката денес се одбиваше така, можеби некој друг ден ќе биде поинаку. Никој посебно не е виновен, ќе мораме сите да погледнеме во огледало и добро да размислиме“, изјави Де Бур за официјалната интернет-страница на Интер.
Во центарот на вниманието беше и потпретседателот Хавиер Занети, кој ги избегнуваше прашањата за иднината на Де Бур и за тоа дали на Мауро Икарди ќе му биде одземена капитенската лента.

 

Најнови вести