Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2013

Калјари се врати на својот поранешен стадион

Фудбалерите на Калјари конечно се враќаат во својот град и до крајот на сезоната ќе играат на својот некогашен стадион „Сант Елија“.

Калјари уште минатата сезона се пресели на новоизградениот стадион „ Ис аренас“, но среќата кратко траеше. Објектот во повеќе наврати беше прогласуван како несигурен за гледачите, па неколку пати се играше пред празни трибини, а натпреварот против Рома дури беше и откажан, а победата службено тогаш им беше доделена на Римјаните. Потоа клубот од Сардинија своите домашни натпревари најмногу ги играше на дури другиот крај од Италија – во Трст.
Во меѓувреме е одлучено „Ис аренас“ целосно да се сруши и да се обнови стариот стадион „Сант Елија“. Дел од работите се завршени, така што Калјари доби дозвола до крајот на сезоната да игра на овој стадион, но бидејќи обновувањето и понатаму е во тек, на трибините ќе може да има само 4.798 гледачи.
Последен пат фудбалерите на Калјари играа на овој стадион во април минатата година, а повратниот натпревар на распоредот е денес, кога на Сардинија доаѓа Катанија.

Најнови вести