Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2016

Ибраими заминува во Астана

Агим Имбраими македонскиот репрезентативец ја донесе одлуката да замине од Марибор во Астана.

Словенечката „Екипа“ објави дека договорот е постигнат на синоќешната средба во Љубљана, а кариерата ќе ја продолжи во клубот од Казахстан, според истите извори Ибраими ќе потпише договор од 2,2 милиони евра за две и пол сезони.
Македонскиот репрезентативец беше капитен, а воедно и главна ѕвезда во словенечкиот состав, но по конфликтот со директорот Захович ситуацијата значително се промени. Поради нарушените односи Ибраими воопшто не настапуваше за тимот, што сигурно беше една од главните причини што тимот на Марибор ја загуби трката за титулата. Раководството на тимот застана зад директорот Захович, а македонскиот репрезентативец во меѓувреме почна да добива понуди.
Ибраими доби неколку понуди од Италија, но најголема и најпримамлива беше онаа од казахстанскиот клуб Астана, па тој одлучи следна дестинација во кариерата да му биде во редовите на казахстанскиот шампионат.
Астана е еден од фаворитите за титулата, тимот во првите 15 кола постигна резултат од 13 победи, еден реми резултат и еден пораз,а со тоа создаде предност од девет бодови во однос на вториот тим Иртиш.

Најнови вести