Корисничко име Лозинка Пријави се
11.3.2013

Како се изведуваат пенали во Казахстан

Во саботата, во дуелот од првото коло на Премиер лигата на Казахстан, Тобол како домаќин ја победи Астана со 5-1, а светот го обиколи снимка со изведувањето на пеналот на домашната екипа.

Силните налети на ветар, кои според критериумите на просечните лигашки натпреварувања ја чинеа играта невозможна, создаваа проблеми и константно на изведувачот му го оневозможуваа изведувањето на казнениот удар. Ветрот во неколку наврати ја поткреваше топката дувајќи ја по теренот кон голот пред да успее играчот да го изведе ударот.
Се обиде итро да си помогне дури и со грутка снег која ја зеде покрај голот, но не успеа да ги надмудри силите на мајката природа.
Со многу трпение и по неколку обиди, на крајот пеналот сепак беше успешно реализиран.