Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2014

Еврогол на Ибраими против Челзи

Словенечкиот Марибор, за кого игра нашиот репрезентативец Агим Ибраими, изненадувачки одигра реми 1-1 против Челзи во натпреварот од Лигата на шампионите.

Агим Ибраими имаше одличен настап во средбата и го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите. Тој во 50-тата минута, од работ на шеснаесетникот ја испрати топката во горниот десен агол во голот на Петр Чех, кој беше немоќен да интервенира во оваа ситуација.
Марибор имаше уште една стопроцентна шанса да дојде до водство од 2-0, но младиот Заховиќ не го погоди голот од петерецот.
По оваа шанса, Челзи заигра многу подобро, имаше неколку одлични шанси, а израмни во 73-тата минута со голот на српскиот репрезентативец Матиќ.
До крајот тимот на Мурињо преку пенал имаше шанса да дојде до трите бода, но Хандановиќ го одбрани ударот на Азар, над кого беше направен прекрошокот.

Најнови вести