Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2014

Мурињо: Нема многу да го менувам тимот

Жозе Мурињо, тренерот на Челзи, изјави дека нема многу да го менува тимот за претстојниот натпревар против Марибор во Лигата на шампионите бидејќи не сака да ја расипе рамнотежата на екипата.

Фудбалерите на Челзи утре од 20.45 часот на „Стемфорд бриџ“ против Марибор го играат натпреварот од третото коло на групата Г во Лигата на шампионите.
„Сините“ по две кола имаат четири бодови и се први на табелата, а Марибор е трети со два бода. Шалке со еднаков број бодови се наоѓа на второто место, а Спортинг од Лисабон е последен со еден бод.
„Не можам многу да го менувам тимот бидејќи не сакам да ја нарушам рамнотежата на екипата. Можам да променам неколку играчи. Мислам дека Рамирес нема да биде подготвен, како и Андре Ширле, а сигурно е дека ниту Диего Коста нема да игра. Играчите кои ми се на располагање се оние коишто играа против Кристал палас во Премиер лигата“, изјави Мурињо за британските медиуми.
Челзи во натпреварот против Марибор влегува по победата од 2-1 против Кристал палас, што е петта последователна победа на тимот во сите натпреварувања.
„Многу е важно да го победиме Марибор, да ги завршиме првите три натпревари во групата со седум бодови. Ова е важна ситуација за нас“, додаде португалскиот тренер.

Најнови вести