28.12.2012 Ибраими најдобар фудбалер во Македонија
Македонскиот репрезентативец и првотимецот на словенечкиот Марибор, Агим Ибраими, е најдобар фудбалер на Македонија за 2012 година.
Со одличните игри во националниот дрес и успешните настапи за Марибор во Лигата на Европа, Агим Ибраими беше најдобар во изборот во конкуренција со Горан Пандев и Николче Новески.
„Огромна чест за мене е што сум избран за најдобар меѓу најдобрите. Среќен сум што го добив ова признание за најдобар фудбалер на Македонија, а кое е добиено поради квалитетните настапи за македонската репрезентација“, изјави македонскиот репрезентативец.
Најдобар фудбалер во македонското првенство е фудбалерот на Вардар, Остоја Стјепановиќ.