Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2012

Хуан Рамон Рока нов тренер на Панатинаикос

Хуан Рамон Рока е нов тренер на Панатинаикос, откако Жезуалдо Фереира, португалскиот стручњак на клупата на грчкиот великан, ја изгуби работата поради лошите резултати, јавија грчките медиуми.

Панатинаикос во првите десет рунди на грчкото првенство освои само 13 бодови, па на табелата го зазема дури шестото место. Зад лидерот Олимпијакос заостанува со 15 бодови. Покрај тоа, во првите четири кола на Лигата на Европа освои само два бода.
Жезуалдо Фереира, кој порано работеше во Бенфика, Брага, Порто и Малага, а со Порто освои три последователни национални шампионски титули од 2007 до 2009 година, како и два пати Купот на Португалија, со Панатинаикос имаше договор до крајот на оваа сезона.
Поранешниот играч на клубот Хуан Рамон Рока, кој досега ја водеше младата екипа на Панатинаикос, е назначен за нов тренер во продолжението на сезоната, како што беше соопштено на денешната прес конференција во Атина.

Најнови вести