Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2013

Леонардо Жардим нов тренер на Спортинг од Лисабон

Леонардо Жардим, 38-годишниот португалски фудбалски тренер, инаку роден во Венецуела, вчера стана нов тренер на угледниот португалски прволигаш, Спортинг од Лисабон.

Само еден ден по завршувањето на португалското првенство, фудбалерите на Спортинг останаа без тренер бидејќи клупата ја напушти 66-годишниот Жезуалдо Фереира. Но, за толку брзо време е пронајдено и решение во Жардим, кој досега има работено во два португалски лигаши, во Беира Мар и во Брага. Жардим потпиша договор на две години.
Жардим оваа сезона ја почна како тренер на Олимпијакос, но ненадејно доби отказ во моментот кога клубот од Пиреа беше убедливо најдобрата екипа на грчкото првенство. Тамошните медиуми шпекулираа дека Жардим добил отказ бидејќи спиел со сопругата на сопственикот на клубот!
Зад Спортинг е многу лоша сезона, која ја заврши на седмото место дури со 36 бодови помалку од шампионот Порто.

Најнови вести