28.7.2014 Фалкао закрепна од повредата
Радамел Фалкао, фудбалерот на Монако, закрепна од повредата на коленото и за четири дена би можел да го одигра првиот натпревар по паузата од шест месеци.
Колумбискиот фудбалер се повреди на крајот на јануари, на натпреварот од Лига купот против нисколигашот Монте, поради што го пропушти Светското првенство во Бразил.
„Фалкао е во завршна фаза од закрепнувањето. За околу една седмица ќе биде целосно фит и спремен за натпреварот. Верувам дека ќе игра на Емирати купот во Англија“, изјави Леонардо Жардим, тренерот на Монако, на конференција за медиумите.
Фалкао се очекува да се врати на теренот на втори август, кога Монако ќе игра против Валенсија на Емирати купот во Лондон.