Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2014

Жардим го смени Раниери на клупата на Монако

Леонардо Жардим вчера беше претставен како нов тренер на Монако на местото на италијанскиот стручњак Клаудио Раниери.

Жардим минатата сезона успешно го водеше Спортинг Лисабон со кој беше втор во португалското првенство, зад Бенфика, но пред Порто.
Рускиот сопственик на Монако, Дмитри Риболовљев, беше во потрага по нов тренер од мај кога Монако објави дека нема да го продолжи договорот со Раниери. Жардим, кој во кариерата водеше неколку португалски клубови и грчкиот Олимпијакос, потпишал двегодишен договор.
„Жардим е дел од новата генерација тренери кои внесуваат нова динамика. Тој е амбициозен како нас и е вистински профил на тренер каков што баравме“, изјави потпретседателот на Монако, Вадим Васиљев.

Најнови вести