06.6.2012 Жардим нов тренер на Олимпијакос
Леонардо Жардим е новиот тренер на грчкиот шампион Олимпијакос.
Поранешниот тренер на Партизан, Аврам Грант, ја одбил понудата на „црвено-белите“ од Атина да го преземе клубот за следната сезона, па „пирејците“ се одлучија за триесет и седумгодишниот стручњак од Брага.
Португалскиот стручњак потпиша договор на една година, со можност тој да биде продолжен на уште една, а денеска би требало да биде и официјално претставен пред медиумите.
Жардим на клупата на Олимпијакос ќе го замени Ернесто Валверде, кој во април, откако ја освои втората титула по ред, реши да го напушти клубот од семејни причини.