04.2.2013 Мичел го презеде Олимпијакос
Четириесет и деветгодишниот Шпанец Мичел е новиот тренер на грчкиот гигант Олимпијакос. Поранешниот тренер на Севилја потпиша 18-месечен договор и денес ќе биде официјално претставен.
Мичел од клупата на Севилја беше сменет на 14-ти јануари по низата слаби резултати, но не бараше долго нова работа. Во клубот од Пиреја го наследи Антониос Никополидис, кој ја презеде тренерската должност минатиот месец по изненадното заминување на Леонардо Жардим.
Мичел вчера присуствуваше на домашниот првенствен натпревар на Олимпијакос против Атромитос, поточно на неговиот прв овосезонски пораз (2-3).
И покрај споменатиот пораз, Олимпијакос убедливо го држи првото место на првенствената табела со 13 бодови повеќе од второпласираниот Астерас.