Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2014

Брага го отпушти Фереира

Португалскиот фудбалски клуб Брага договорно ја раскина соработката со тренерот Жезуалдо Фереира, незадоволна од лошите резултати на клубот.

Шеесет и седум годишниот стручњак минатата година се врати на клупата на Брага, која ја водеше во периодот од 2003 до 2006 година, но клубот во меѓувреме успеа да оствари само осум победи и девет порази и три ремија.
Брага вчера одигра нерешено 2-2 со Арука по што челниците на португалскиот клуб го загубија трпението со искусниот стручњак.
Фереира е еден од најискусните тренери во Португалија. Тој во кариерата ги водеше трите најголеми клубови на таа земја – Порто, Бенфика и Спортинг.
Брага по 20 одиграни кола во португалското првенство, се наоѓа на седмото место со 27 бодови, 19 помалку од водечката Бенфика.

Најнови вести