Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2013

Ла Коруња ја раскина соработката со тренерот Пасиенсија

Португалскиот стручњак Домингуш Пасиенсија веќе не е тренер на шпанскиот фудбалски клуб Ла Коруња, во којшто се задржа 40-тина дена.

Пасиенсија ја презеде Ла Коруња последниот ден од 2012 година и ја водеше на шест натпревари оваа година, пред пред соработката да биде прекината по меѓусебен договор. По големата победа во дербито против Малага (1-0), Пасиенсија во наредните пет кола остана без победа, а во последните четири беше поразен.
Ла Коруња убедливо е последна на првенствената табела на Примера лигата, со шест бодови помалку од 17-тото место, последно кое значи останување во највисокиот ранг на шпанскиот фудбал.
Тешкиот пораз од 3-0 на домашен терен од Гранада во последното коло беше капката која ја прели чашата. До пронаоѓањето адекватна замена за Пасиенсија екипата ќе ја води неговиот помошник Хосе Анхел Франганилјо.
Четириесет и тригодишниот Пасиенсија во сезоната 2010/11 ја одведе Брага до финалето на Лигата на Европа.

Најнови вести