Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2012

Брага остана без тренер

Леонардо Жардим, 37-годишниот португалски фудбалски стручњак со потекло од Венецуела, веќе не е тренер на Брага. Третопласираниот португалски клуб од минатата сезона и тренерот со взаемна согласност ја раскинаа соработката.

Жардим потпиша тригодишен договор во јуни минатата сезона, кога го наследи Домингуш Пасиенсија, но го напушти кормилото по помалку од една сезона помината на клупата.
Во својот мандат ја одведе Брага до 13 рекордни последователни победи до крајот на годината, како и до пласман во осминафиналето на Лигата на Европа.
„Брага му се заблагодарува на Леонардо Жардим на големата професионалност, како и на неговата стручност и му посакува сè најдобро во иднина“, стои клупското соопштение.
Засега не е познат наследникот на Жардим.

Најнови вести