Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2013

Фереира повторно на клупата на Брага

Португалскиот фудбалски прволигаш Брага го именуваше Жесуалдо Фереира за нов шеф на стручниот штаб.

Тој на клупата ќе го замени досегашниот тренер Жозе Пешеира со кој е прекината соработката по само една сезона.
Клубот од северот на Португалија го заврши првенството на четвртото место и не избори пласман во квалификациите за Лигата на шампионите, но го освои националниот Лига куп, прв трофеј по скоро 50 години.
Искусниот Фереира ја водеше Брага од 2003 до 2006 година, а беше тренер и на многу клубови, меѓу кои Порто, Малага, Панатинаикос и Спортинг Лисабон.
Под негово водство фудбалерите на Порто меѓу 2006 и 2010 година освоија три шампионски титули на Португалија едноподруго.

Најнови вести