Корисничко име Лозинка Пријави се
15.7.2011

Фалкао остана верен на Порто

Радамел Фалкао, најдобриот стрелец во Лига на Европа минатата сезона го продолжи договорот со Порто до 2015 година.

Претходниот договор на Фалкао истекуваше во 2013 година, а висината на оштетата која заинтересираните клубови ќе мораат да ја платат за трансфер на Колумбиецот е зголемена од 30 на 45 милиони евра.

Фалкао минатата сезона на 14 натпревари во Лигата на Европа постигна 17 голови, вклучувајќи го и погодокот во финалето со кој Порто ја победи Брага.

За колумбискиот интернационалец заинтересирани беа Челзи и Атлетико Мадрид. Фалкао во моментов е на Копа Америка со репрезентацијата на Колумбија која во четвртфиналето ќе се сретне со Перу.

Најнови вести