06.6.2012 Брага во Лигата на шампионите со нов тренер
Брага, третопласираната екипа во штотуку завршената сезона во Примеира лигата, доби нов тренер. Станува збор за 52-годишниот португалски стручњак Жозе Пезеиро.
Поранешниот тренер на Спортинг од Лисабон, Ал Хилал, Панатинаикос, Рапид од Букурешт и на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија ќе го замени Леонардо Жардим, кој поднесе оставка минатата седмица.
Во текот на сезоната 2003/04 Пезеиро во Реал Мадрид го остави зад себе Карлос Кеирос, тогашниот шеф на стручниот штаб на Кралскиот клуб.
Следната сезона, 2004/05, го одведе Спортинг од Лисабон до финалето на Купот на УЕФА.