01.6.2016 Жозе Пезеиро доби отказ во Порто
Жозе Пезеиро доби отказ по лошите резултати и повеќе не е тренер на Порто.
Ова е објавено на официјалната интернет страница на Порто, па Пезеиро ќе мора да побара нов ангажман.
„Ја информираме јавноста дека дојде до спогодбен прекин на соработката меѓу Порто и Жозе Пезеиро“, пишува во официјалното соопштение.
Сè уште не е познато кој се кандидатите за нов тренер на Порто.
Порто останаа без титула, но и без националниот Куп по драмата во финалето и продолженијата.