Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2012

Португалија остана без Мартинс, повикан Вијана

Искусниот 30-годишен португалски фудбалер Карлос Мартинс поради повреда отпадна од списокот со патници за Европското првенство во Полска и Украина ова лето.

Играчот на Бенфика, кој минатата сезона ја помина на заем во Гранада, е тргнат од списокот поради повреда на мускулот на ногата, а на негово место селекторот Пауло Бенто го повика Уго Вијана, искусниот 29-годишен играч на Брага.
Вијана претходно не успеа да избори место меѓу 23-та играчи коишто ќе ја претставуваат Португалија на Евро бидејќи, според зборовите на Бенто, не се вклопува во неговата визија за екипата. Вијана последен пат беше дел од репрезентацијата на Светското првенство во 2006 година.
Португалија на Европското првенство ќе игра во групата Б, во таканаречената „група на смртта“, заедно со Германија, Холандија и Данска. Португалците на свој терен наредните денови ќе ги измерат силите со Македонија и Турција.

Најнови вести