Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2013

Шахтар доведе Бразилец од Брага

Украинскиот шампион Шахтар доведе ново засилување, левиот бек Исмаили Гонсалвес дос Сантос.

Дос Сантос е Бразилец кој претходно половина година беше член на Брага, а трансферот е вреден 4,5 милиони евра.
Од таа сума Брага ќе добие три милиони евра, а останатото оди кај агентите. Бразилецот својата кариера ја почна во Деспортиво Бразил, кој е пример за клуб со своевидна фарма од играчи.
Дос Сантос уште како 19-годишно момче дојде во Португалија, каде што одигра 30 натпревари за Есторил, а две сезони беше член на Олјаненсе.
Во јуни минатата година му пропадна трансферот во Насионал Мадеира, па потпиша четиригодишен договор со Брага. Дебитираше со две асистенции во ремито со Бенфика на почетокот на сезоната.

Најнови вести