Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2011

Нуно Гомеш ја напушта Бенфика

Поранешниот португалски репрезентативец Нуно Гомеш најави заминување од Бенфика, клуб во кој мина дванаесет години од неговата кариера.

„Од клубот ми кажаа дека нема да ми дадат продолжување на договорот и ќе ги разгледам понудите од другите клубови“, изјави Гомеш.

Португалските медиуми го поврзуваат овој напаѓач со овогодишниот финалист во Лигата на Европа, Брага.

Гомеш е четврти португалски стрелец на сите времиња со постигнати 29 погодоци во 77 настапи за репрезентацијата. За Бенфика потпиша 1997 година, за која играше до 2000 година, кога премина во редовите на Фиорентина на две сезони и потоа повторно се врати во Лисабон. За португалскиот гигант одигра 318 натпревари и постигна 129 гола.

Минатата година главно ја мина седејќи на клупата за резерви, бидејќи не успеа да се избори за место во првите единаесет, покрај Парагваецот Оскар Кардосо и Аргентинецот Хавиер Савиола.

Најнови вести