20.5.2013 Спортинг од Лисабон остана без тренер
Еден ден по завршувањето на португалското првенство, фудбалерите на Спортинг останаа без тренер. Клупата на лисабонскиот клуб ја напушти 66-годишниот Жезуалдо Фереира.
За Спортинг оваа сезона беше многу лоша, заврши на седмото место дури со 36 бодови помалку од шампионот Порто. Фереира должноста тренер ја презеде во јануари по смената на Франк Веркаутерен. Со оглед на тоа дека клубот тогаш беше само со еден бод оддалечен од зоната за испаѓање, може да се рече дека Фереира одработи добра работа, но и покрај тоа, одлучи да си замине од клубот.
Фереира најголемите успеси во кариерата ги оствари со Порто, со кого од 2007 до 2009 година освои три последователни шампионски титули на Португалија. Потоа без поголеми успеси ги водеше Малага и Панатинаикос.