09.1.2013 Шпанецот Фабри Гонзалес нов тренер на Панатинаикос
Шпанскиот стручњак Фабрисиано Фабри Гонзалес е нов тренер на Панатинаикос, соопшти вчера атинскиот клуб.
Грчкиот гигант во понеделникот го смени Аргентинецот Хуан Рамон Роча и го врати во младинскиот тим. Иако грчките медиуми за главен фаворит го истакнаа Полјакот Јацек Гмох, кој во минатото двапати го водел атинскиот клуб, управата на „зелените“ решение најдоа во Шпанија.
Педесет и седумгодишниот Гонзалес најголемиот успех во тренерската кариера го постигна во Гранада со која за две години се пласираше од третата шпанска лига во Примера дивизион. Поради слаб резултати во елитното друштво во јануари лани доби отказ по што кратко работеше во Уеска и во Расинг Сантандер.
Гонзалес е веќе трет тренер кој ќе ги води фудбалерите на Панатинаикос сезонава бидејќи пред Роча на клупата седеше и Португалецот Хесуалдо Фереира. „Детелинките“ се дури деветти на првенствената табела со само пет победи во досегашните 16 кола.