10.5.2012 Олимпијакос без Пападопулос во Истанбул
Лазарос Пападопулос, центарот на Олимпијакос, најверојатно, ќе мора да ја пропушти завршницата, фајнал форот од Евролигата, кој од петок до недела ќе се одржи во Истанбул.
Искусниот кошаркар поради повреда на коленото не тренира веќе подолг период и неговото учество во полуфиналниот дуел со Барселона е под огромен знак прашање.
Доколку поранешниот играч на Реал Мадрид не биде подготвен за настап, а за тоа постои голема веројатност, него ќе го замени триесетгодишниот Андреас Глинијадакис.
Во другото полуфинале силите ќе ги одмерат ЦСКА Москва и Панатинаикос, каде што Панатинаикос има цел да ја одбрани титулата, а ЦСКА, пак, да му го преземе тронот.