Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2013

Крис Самба се врати во Премиер лигата

Конгоанскиот фудбалер Кристофер Самба се врати во Англија и потпиша договор со давеникот од Премиер лигата – Квинс парк ренџерс.

Фудбалерот на рускиот Анжи од Махачкала ја искористи првата шанса за враќање во Англија, од која замина во далечната Русија во 2012 година. Според информациите од англиските медиуми, Самба ги поминал лекарските прегледи и трансферот во последнопласираната екипа на Премиер лигата е готов по потпишувањето на договорот.
Хари Реднап покрена голем проект за опстанок на Квинс парк ренџерс во врвот на англискиот фудбал, а Самба реши да му се придружи по расистичките навреди на своја сметка во Русија. Во неколку наврати на Самба му беше фрлена банана за време на натпреварите на руското првенство, а таквиот однос на навивачите кон него, очигледно, му досадил.
Реднап во последните денови од преодниот рок има намера да доведе уште неколку играчи, меѓу кои се и тројца негови поранешни од Тотенхем – Дејвид Бентли, Џермејн Џенас и Андрос Таунсенд.

Најнови вести