02.9.2015 Ла Коруња го ангажираше Гутиерес
Хонас Гутиерес, поранешниот репрезентативец на Аргентина, кариерата ќе ја продолжи во Ла Коруња, потврди клубот од Примера лигата.
Триесет и двегодишниот фудбалер за врска во Галиција стигна како слободен агент и потпиша едногодишен договор.
Гутиерес претходно ги бранеше боите на Велес Сарсфилд, Мајорка, Њукасл и Норвич, а со репрезентацијата на Аргентина во 2010 година стигна до четврт-финалето на Светското првенство.
Во септември минатата година на Гутиерес му беше дијагностициран рак на тестисите, но успеа да се избори со лошата болест и во март се врати на теренот.