Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2017

Мел нов тренер на Депортиво Ла Коруња

Пепе Мел, неодамнешниот тренер на Бетис, е именуван за нов тренер на Депортиво од Ла Коруња.

Тој на клупата на тимот од Ла Коруња го наследи Гаиска Гаритано, кого клубот го отпушти по убедливиот пораз во 24-тото коло на Примера лигата.
Тимот од Ла Коруња беше поразен со 4-0 од директниот конкурент за опстанок, Леганес. Моментно Депортиво има само два бода повеќе од Хихон, кој се наоѓа во опасната зона.
Гаритано беше на клупата на тимот од почетокот на тековната сезона, каде што го наследи Виктор Санчес. Претходно ги тренираше Валјадолид и Еибар.
Педесетгодишниот Мел до 11-ти јануари 2017 година беше на клупата на Бетис, а во кариерата ги водеше уште: Тенерифе, Хетафе, Алавес, Рајо Валјекано, Вест Бромич албион...

Најнови вести