Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2016

Суарес: Ние не сме машини, а и понатаму сè зависи од нас

Напаѓачот на Барселона Луис Суарес изјави дека и неговиот тим има право на грешка како и сите останати.

Уругваецот постигна четири голови и три пати асистриаше во победата над Депортиво со 8-0, на која Каталонците го исфрлија својот бес по само еден освоен бод во претходните четири кола.
„Најважно е дека тие голови ни помогнаа да дојдеме до победата и тоа во тежок момент. Тоа е битно, моравме да победиме, а начинот на кој го сторивме тоа ме прави уште посреќен“, изјави Суарес.
„Против Валенсија направивме многу шанси и постигнавме само еден гол (пораз 2-1), така што сега чувството е навистина добро“, додаде напаѓачот на Барселона, кој оваа сезона на сите натпреварувања постигна 49 голови.
Суарес изјави дека падот во формата на неговиот тим е доказ колку е Примера всушност силна.
„Луѓето сега можеа добро да видат дека ова воопшто не е лесна лига, натпреварите мораат да се одиграат. Зборуваа дека Примера е готова... Вистина е дека сè зависи од нас и верувам дека работата ќе се исплати. Ние сме луѓе, а не машини кои не знаат да грешат. Оваа победа е доказ дека сме заедно повеќе од било кога“.
Барселона и понатаму се наоѓа на првото место со 76 бодови, исто колку и Атлетико и еден бод повеќе од Реал.
До крајот Каталонците играат со Спортинг на домашен терен, со Бетис на гости, со Еспањол дома и Гранада на гости.

Најнови вести