Корисничко име Лозинка Пријави се
15.10.2016

Меси се враќа во тимот на Барселона

Лионел Меси, ѕвездата на Барселона, се враќа на теренот на денешниот натпревар против Депортиво Ла Коруња, изјави Луис Енрике, тренерот на Барселона.

Меси беше надвор од теренот од 21-ви септември, кога се повреди против Атлетико Мадрид, но оваа седмица почна да тренира и е подготвен за враќање.
„Ни се враќаат Умтити и Лео. Меси од средата тренира со екипата и добро изгледа. Потребни му се минути за да се врати во форма, но е подготвен, како и Умтити“, изјави Енрике.
Барселона моментно има 13 бодови од седум натпревари, два помалку од лидерот на Ла Лига, Атлетико Мадрид.

Најнови вести