Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2016

Реал остана без „џокерот“ во одлучувачките натпревари

На последните два натпревари во сезоната тренерот Зинедин Зидан нема да може да смета на момчето кој неретко беше „златна резерва“.

Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Лукас Васкез претрпел повреда на коленото на натпреварот против Валенсија и дека е многу мала веројатноста дека ќе настапи на последните два натпревари во оваа сезона.
Тој сигурно нема да игра на натпреварот во последното коло во Примера против Депортиво Ла Коруња, а Зидан од внимателност речиси извесно е дека нема да ризикува ни со Кејлор Навас, Герет Бејл и Дани Карвајал, од страв да не се влоши нивната здравствена состојба пред финалето во Лигата на шампионите во Милан.
Реал мора да триумфира против Депортиво, а Барселона да не победи во Гранада за да ја освои титулата шампион на Шпанија.
Кога станува збор за учеството на Лукас Васкез во финалето од Лигата на шампионите против градскиот ривал Атлетико повеќе ќе се знае по деталните лекарски прегледи, иако првите прогнози не се многу оптимистички.

 

Најнови вести