Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2014

Пепе Мел го напушти Вест Бромич албион

Шпанскиот фудбалски стручњак Пепе Мел договорно ја раскинал соработката со Вест Бромич албион, соопшти премиерлигашот.

Мел во декември минатата година го презеде кормилото на клубот од Стив Кларк, но единствен успех на Албион е што избегна да испадне од Премиер лигата.
Вест Бромич албион заврши на 17-тото место во Премиер лигата, за едно место избегнувајќи да се пресели во втората лига.
„Потрагата по нов тренер е почната и целта ни е да најдеме најсоодветен кандидат кој ќе му помогне на клубот да биде поконкурентен во наредната сезона“, изјави Ричард Гарлик, техничкиот директор на клубот.

Најнови вести