Корисничко име Лозинка Пријави се
09.7.2014

Депортиво го отпушти тренерот Васкес

„Запрепастен сум, ова е исто како некој за крадење колбаси да добие 50 години затвор“.

Шпанскиот прволигаш Депортиво Ла Коруња го отпушти тренерот Фернандо Васкес, кој го врати клубот во Примера минатата сезона.
„Управата на клубот одлучи да се откаже од услугите на Васкес како прв тренер“, се вели во краткото соопштение на Депортиво.
Васкес рекол дека се чувствувал „измамено“ и дека верувал дека заслужил да остане на кормилото на клубот и следната сезона, бидејќи потпомогнал Депортиво да заврши како второпласиран во втората шпанска лига, со што тимот освоил директен пласман во Примера.
Локалните медиуми пренесоа дека Васкес добил отказ поради изјава која во управата на клубот била сфатена како критика.
„ Запрепастен сум, ова е исто како некој за крадење колбаси да добие 50 години затвор“, изјавил Васкес.
Тој додал дека смета дека пријателите го издале.
„Само тие за кои мислите дека ви се пријатели можат да ве издадат, а оние другите можат само да ве изневерат“, рекол Васкес.

Најнови вести