11.6.2015 Натпреварот Барселона – Ла Коруња под истрага
Натпреварот од последното коло на Примера лигата меѓу Барселона и Ла Коруња (2-2) се наоѓа под истрага под сомнение дека е наместен, пренесуваат „Мундо депортиво“ и „Спорт“.
Како што се наведува, тврдењето дека е договорен нерешениот исход, со којшто клубот од Галиција остана во лигата, добиваат значење откако Алберто Лопо, дефанзивниот играч на Ла Коруња, во изјавата за „Канал плус“ откри дека во финишот на натпреварот му рекол на Чави да се релаксираат.
Каталонскиот тим пред споменатиот дуел ја осигури титулата, а против Ла Коруња на „Камп ноу“ во последните 20 минути го испушти водството од 2-0, со што таа избори опстанок.
Ла Коруња обезбеди опстанок во Премиер лигата поради тоа што со 35 бодови имаше подобра гол-разлика во однос на конкурентите.